Ердоган го претстави новиот владин состав


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја објави новата Влада која ја сочинуваат 16 министри.

Клучниот ресор за финансии му го довери на неговиот зет Берат Албајрак, а го задржа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. 40 годишниот Албајрак е оженет за постарата ќерка на Ердоган, Есра и од 2015 година је има функцијата министер за енергетика.

Нов министер за одбрана е досегашниот началник на Генералштабот Халсуи Акар. Ердоган вчера положи заклетва за новиот петгодишен мандат со проширени овластувања во согласност со минатогодишниот референдум.