Буфон го одработи првиот тренинг во ПСЖ: Среќен сум што сум овде!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон денес го одработи првиот тренинг во дресот на Пари Сент Жермен.

Подоцна на специјална пресконференција Буфон беше претставен како нов играч на францускиот клуб.

„Среќен сум што сум овде. Само еден проект амбициозен како овој на ПСЖ можеше да ме убеди да продолжам да играм. Иако имам 40 години не размислувам за повлекување, овде се чувствува голем ентузијазам од сите стани“, изјави Буфон.

„Лигата на шампиони секогаш била моја цел како и на ПСЖ, но не ми е опсесија. Кога ќе почне сезаната ќе играме за да освоиме што е можно повеќе трофеи“, додаде Џиџи.