Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Многумина би кажале дека бракот нема врска со здравствената состојба на поединецот, освен можеби зголемото ниво на стрес и нервози.
Меѓутоа, резултатите од студијата од Влика Британија велат дека лицата во брак имаат поголеми шанси да преживеат срцев удар и порано да ја напуштат болницата во однос на лицата кои се сами.
Истражувањето наведува дека тоа не е причина за загриженост кај лицата кои живеат сами, но може да помогне медицинскиот тим во третманот на преживеаните од срцев удар.
На основа на податоците 25.000 од срцеви удари во Англија, лицата во брак имале 14% помали шанси за смрт во однос на самците.
Анализата покажува и два дена помалку престој во болница кај лицата во брак во однос на самците, што може да влијае на намалувањето на трошоците за болничкиот третман, здравственото осигурување и го намалува ризикот од инфекции заработени во болница.
Инфарктот може да ви остави тешки физички и психолошки последици од кои многумина и не гледаат. Оваа студија укажува на значителноста од поддршката по инфарктот на сопружникот и семејството. Исто така, испраќа порака на сите, било да се во брак или не, дека во случај на инфаркт не се сами.
Во Велика Британија постојат групи за рехабилитација кои на лицата после инфаркт можат да им помогнат во побзо и полесно закрепнување без оглед на тоа дали се во брак или не.
Налозите од студијата покажуваат значајна психолошка и физичка поддршка: сопружник, семејство, пријатели и колеги. И овде може да се види колку нашите предци со своето искуство биле во право: „Се е полесно кога сте двајца“.