Сопругата од Полански до Академијата за филмски уметности и науки: „Оваа жена нема да ја добиете“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Емануела Сење, француската актерка и сопруга на режисерот Роман Полански, одби да стане членка на американската Академија на филмски уметности и науки (AMPAS).

Таа ја обвини Академијата за лицемерие, бидејќи пред неколку месеци тие го исклучија од членство нејзиниот сопруг Роман Полански поради, како што изјавија од Академијата, прекршување на кодексот за однесување кој AMPAS го усвои после излегувањето во јавноста на серијата обвинувања за сексуална злоупотреба во филмската индустрија.

„Секогаш сум била феминистка, но како да го занемарам фактот дека Академијата пред само неколку месеци го исфрли мојот сопруг за да го задоволи духот на времето. Истата таа Академија која во 2002 му додели Оскар. Веројатно мислат дека сум без’рбетник, актерка која прави сè за подем во општеството и која ќе заборави дека веќе 29 години е мажена за еден од најголемите светски режисери“, напиша Емануела во колумната која ја објави во француското списание Le Journal du Dimanche.

„Оваа жена нема никогаш да ја добиете“, порача актерката.

Оскаровецот Полански беше исфрлен од Академијата после признанието дека во 1977 година имал незаконски сексуален однос со 13-годишна девојка во Лос Анџелес. Во страв дека ќе добие голема затворска казна, побегна во Франција, а случајот кој се води против него уште не е затворен.