Барак Обама тврди: Ова се трите клучни прашања за среќен и успешен брак за цел живот!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


По 25 години минати во среќен и хармоничен брак, сосема е прифатливо да ги следите љубовните и брачни совети од Барак Обама.

Како што тврди, Ден Фајфер, некогашниот директор на Обама за комуникации, тогашниот претседател му дал многу важен совет на љубовно поле.

Обама го прашал Фајфер дали е сигурен дека неговата девојка е „онаа вистинската“ и го посоветувал да одговори на три клучни прашања, ако не се уште не го знае главниот одговор.

„Ова е совет за бракот кој го давам на сите – дали таа личност ја сметаш за интересна? Со оваа личност ќе минеш повеќе време отколку со било кој друг, па нема ништо поважно од тоа секогаш да сакаш да слушнеш што има да каже.

Второ прашање? Запрашајте се дали вашиот партнер умее да ве насмее

Не знам дали знаеш дали сакаш деца, но ако ги сакаш, дали мислиш дека таа ќе биде добра мајка? Ова е третото прашање. Животот е долг. А ова се работите кои се важни за цел животен век“