Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес веќе на сите им е јасно дека во неверството и аферите пропратно, се впуштаат и мажите и жените. Интересен е, меѓутоа фактот дека во позадина женските неверства секогаш имаат нешто покомплицирани причини.
Дали некогаш сте се запрашале зошто жените изневеруваат?
1. Партнерот не го цени трудот
Ваквите ситуации не се реткост, партнерот често не приметува колкав е трудот на другата страна која во вложува, на пример, организација на некое случување, својот изглед или самата врска. Емотивна потврда и чувство дека партнерот гледа и го цени напорот, за жените е важен сегмент. Ако изостане, се таложат фрустрациите и незадоволството. Во таквите случаи многу е лесно во друга личност да се пронајде она што мислиме дека ни недостига и да се одлучиме на неверство.
2. Осветата е слатка
Верувале или не, ова е една од најчестите причини поради кои жените изневеруваат. Дамите кои се многу верни во партнерскиот однос веројатно ќе изневерат, ако срцето им е скршено. Да појасниме, неверството од освета не се случува само ако жената е изневерена, можно е да се посегне по истиот облик ако е лута, огорчена и сита од сите проблеми во врската.
3. Потрага за романса и интимност
Знаеме дека жените често се заљубуваат во момче кое знае да се додворува, кој е великодушен и знае да слуша, но како што минуваат годините од заедничкиот живот, така и тие мали работи кои некогаш врската ја прават голема- умираат. Во еден момент жената помислува дека веројатно постојат уште момци на светот кои ќе ги задоволат нејзините желби и ќе знаат како да го оддржат „огнот“. Еднаш кога тоа ќе го сфати, големи се шансите дека ќе тргнат во потрага по …
4. Однос кој умира
Без оглед на тоа колку таа го сака својот партнер, ако чувствува дека врската се гаси и дека се ближи кон својот крај, можеби ќе побара замена за новата празнина во животот за полесно да ја поднесе разделбата. Тука може да се работи и за несериозна личност која не може да ја поднесе помислата да биде сама. Сериозните жени ретко го бираат овој пат и сметаат дека влегувањето во нова врска може само дополнително да го наруши нивниот мир.
5. Долготрајно сексуално незадоволство во врската
Иако жените ретко изневеруваат поради самиот секс, тоа ќе се случи ако долго време се незадоволни во однос на врската. До тоа може да дојде ако партнерот не сака да научи како да ја задоволи, се противи на орален секс, избегнува предигра, односот трае прекратко или не е заинтересиран за однос толку колку и партнерката.