Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Никогаш претходно видено фотографии од Ејми Вајнхаус протекоа во јавност и ги воодушевија милионите обожаватели на прерано починатата пејачка. Интимните моменти ги има фотографирано фотографот Блејк Вуд, а сите ќе бидат објавени во книгата која наскоро излегува на пазарот.
Ејми на фотографиите не е под дејство на опојни средства, туку ужива на годишен одмор и се опушта во студиото.
„Не ми беше во интерес да ги фотографирам нејзините здравствени кризи ли дрогирањето. За мене тоа не беше дел од нејзината искрена личност“, вели Блејк кој инаку беше прилично близок со музичарката.
Тој сакаше светот да ја гледа Ејми со други очи.
„Таа се бореше со зависноста и менталните проблеми, но никој не размислуваше за тоа дека таа е личност која има потреба од помош, наместо да ја фотографираат во непристојни состојби и ситуации. Сакав да направам фотографии преку кои луѓето нема да ја осудуваат. Сите треба да се фокусираме на моќта на луѓето и да ја славиме, наместо да се плукаме едни со други“, објаснува Вуд.