Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во чест на Светското фудбалско првенство во Русија, колумбиска компанија која се занимава со боење на тело, ангажираше манекенки кој ги обои во обележјата на сите земји кои беа и уште се учеснички на Мундијалот.
Зад ова идеја се крие Џовано Цитро кој се опишува како “body artist”, фотограф и шминкер, а познат е под надимакот Професор. Тој тврди дека се залага за создавање на самодоверба и различност во женската убавина.
Проектот започнал во јануари кога го објавил првиот оглас за манекенки, а во мај започнал да ги објавува фотографиите од манекенките во различни обоени дресови.