„Made in Yugoslavia“ си беше светски бренд – доказот доаѓа од Абу Даби


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фотографијата која е направена во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, ги буди сеќавањата за брендот и стандардот кои гарантираа квалитет под ознаката „Made in Yugoslavia“.

Корисниците на социјалните мрежи кои што ја коментираа фотографијата, се навратиле на квалитетните производи кои постоеле во времето на Југославија.

Вистински доказ за тоа е фактот што капакот на шахта, кој е стар речиси 30 години по распаѓањето на државата во која е произведен, ја извршува својата функција во градот кој што има прилично раздвижен сообраќај.