Откриено зошто јапонските фудбалери и навивачите чистат после натпреварите (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тие се дефинитивно победниците на Мундијалот.

Навивачите и фудбалерите на Јапонија го воодушевија фудбалскиот свет на Светското првенство откако после секој натпревар, навивачите ги чистеа трибините, а играчите соблекувалните.

Тие нивната пракса не ја заборвија ниту после шокатниот пораз од Белгија кога имаа предност од 2:0, а потоа загубија со 2:3 со гол во последниот секунди.

Кога веќе станаа светски хит, откриено е зошто тоа го прават, одговорот лежи во начинот на кој се школуваат.

Во Јапонија сосема нормално е учениците да чистат во своето училиште со крпите кои ги носат од својот дом, вклучувајќи го и чистењето на тоалетите.
Нивните професори рамномерно им ги распоредуваат задачите, а нивното мото е:

„Ако користите некој простор тогаш важа должност е тој простор да го оставите чист“.