Прославија 19 години брак и ставија точка на шпекулациите за развод


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Изминативе неколку дена сите светски медиуми се распишаа на големо за кризата и наводниот развод на Дејвид и Викторија Бекам, но со последната објава на Инстаграм на славниот британски брачен пар тие ставија точка на таа трачерска приказна.

Дејвид и Викторија Бекам прославија 19-годишнина од бракот, а на социјалните мрежи споделија фотографија од заедничкиот славенички ручек.

A post shared by David Beckham (@davidbeckham) on

„Деветнаесет години…Wow…Пред 19 години ова време бев од глава до пети во виолетово. Среќна годишнина на најпрекрасната сопруга и мајка. Те сакам“, напиша Дејвид на својот Инстаграм профил.

„Те сакам најмногу“, кратко напиша Викторија.

Дејвид и Викторија се запознаа во 1997 година, кога и двајцата беа во зенитот на нивната професионална слава. Викторија тогаш беше дел од планетарно популарниот женски бенд „Spice Girls“ и уживаше голема слава. Нивните песни станаа најслушани на музичките листи, а синглот „Wannabe“ стана заразен планетарен хит.

Дејвид тогаш имаше успешна фудбалска кариера како играч на Манчестер Јунајтед. Се венчаа во јули, 1999 година, неколку месеци откако им се роди нивниот прв син Бруклин.