Опозицијата најави кривични пријави против власта за договорот со Грција


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави против власта за креаторите и потписниците на Договорот со Грција и за Законот за јазиците, најави вчера Александар Николовски, потпретседателот на партијата.

Според Николовски, овие дела не застаруваат, тој смета дека судството и обвинителството нема да одговорат на нивните пријави, но делата сепак не застаруваат некогаш. Тој смета дека „некое независно правосудство ќе мора да ги извади од фиока овие пријави“.