Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
12-те деца фудбалери со својот тренер се наоѓаат околу еден километар под земја и околу 2 километри одалечени од влезот на пештерата, а за да дојдат до нив на нуркачите им треба 3 до 4 часа нуркање.
Во една од најновите фотографии се гледа дека децата се покриени со фолии и ќебиња, а секој од нив е добар и здрав.
„Ви благодарам“ им вели едно од момчќињата на спасителите.
Морнарските „фоки“ ја поминале ноќта со децата за да ја подобрат нивната ситуација. Неколку од децата имале повреди, но истите им биле санирани.
Планот е да се воведе подводна телефонска жица за децата и нивниот тренер конечно да стапат во контакт со своите најблиски.
Сепак сè уште никој не знае како да ги извлече надвор, но најчеста и најможна опција која се споменува е да се научат децата да нуркаат. За жал ни еден од нив не знае да плива, па споре суровоста на теренот тоа претставува голем проблем.
Водата не е проѕирна, а стуите се јаки. Спасувачката екипа редовно носи храна на децата, а порати лошата временска прогноза се претпоставува дека децата биможеле да поминат и до 4 месеци во пештерата.