Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Светското првенство во фудбал е главна тема во светот изминатите денови. Особено тоа се однесува на земјите чии репрезентации се уште се натпреваруваат на натпреварувањето.
Една од нив е и Хрватска која стигна до четврфиналето, каде што игра против Русија во сабота. Во време кога нивната селекција не игра натпревари, хрватските медиумите „копаат“ различни занимливости за нивните репрезентативци. Така, најдоја нешто и за сестрата на Марсело Брозовиќ.
Иако фудбалерот на Интер е многу популарен, неговата сестра би можела да биде уште популарна овие денови. Она е, како што можеше да се претпостави, една од најголемите навивачки на Хрватска на Мундијалот, но нејзиниот прекрасен изглед го стави и Светското првенсво во втор план.
На Инстаграм има нешто повеќе од 20,000 следбеници, а не се сомневаме дека тој број ќе биде и удвоен до крајот на Светското првенсво, особено ако Хрватска оди до финале, а убавата Ема продолжи да објавува провокативни фотографии.