Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сакале или не, жените за овие 11 работи размислуваат и премногу, особено кога ќе дојде време со новиот партнер да стапат во сексуалнен однос. Од друга страна, момците со истите воопшто не се оптеретуваат.
1. Бапски гаќи
Дури и доколку ги носите, момците тоа не ги интересира. Секако ќе ги соблечат.
2. Кој има кондом?
Не е вистина дека момчето ќе помисли сешто доколку жената има кондом кај себе. Без оглед на тоа дали тој има кај себе или не, секој кој е сексуално активен има право со себе да носи заштита и добро е доколку личноста со која стапувате во интимен однос е одговорен за толку. Правило дека тоа е негова работа всушност не е правило.
3. Прв или петти состанок
За разлика од жените, на момците не им е важно дали сте имале секс на првиот или петтиот состанок. Исто така, немаат одреден број на состаноци на кои мора да се излезе пред секс. Се е релативно.
4. Дали тоа ќе му биде најдобриот секс во животот
Никој не сака лош селс, но кога првпат спиете со некого, сосема е нормално ако тоа не е сексот од вашиот живот. Престанете да се грижите за тие работи. Едноставно уживајте.
5. Ако го удрите со лактот додека ја соблекувате маицата
Нема потреба да му се извинувате десет минути поради тоа и така да ја пренасочите „темата“. Насмевнете се и продолжете со акцијата.
6. Дали сте се избричиле изутрината
Бидете сигурни – момчето нема да забележи ако имате некое влакно повеќе
7. Каква е атмосферата во собата
Тој нема да примети дали во собата има романтични сфеќи и дали свири некоја посебна секси музика. Тој е фокусиран исклучиво на партнерката. Таа би требало да е фокусирана исклучиво на него, ќе се сложите.
8. Пуш ап, да или не?
Не морате да се грижите за тоа дали ќе ви го соблече градникот и ќе ви каже „Изневерен сум“. Сигурно нема тоа да го направи. Нему таквите ситници во тој момент не му се на крајот на паметот.
9. Колку пози би требало да промените?
Ова не е нешто во што треба да се докажувате по секоја цена, во сексот двајцата треба да уживате. Што и да ви падне на памет, направете го. Не е целта да се изморите, ниту да имате некаков тренинг. А од друга страна, доколку сте во сериозна врска, и тоа како имате време за ескпериментирање. Имате време за се, навистина.
10. Дали сексот ќе трае цела ноќ
Кој и да ви кажал дека гледал на часовникот и така знаел дека сексот траел цела ноќ – ве излажал. Тоа се случува или не. Било како и да е, целта е оргазам, а не потрошено време.
11. Дали ви е потребен лубрикант
Не треба да ви биде непријатно ако за време на пријатниот однос ви е потребен лубрикант. Тоа нема да ја намали вашата страственост и сексуалност. А тој нема да помисли ништо лошо.