Државата им наплати „данок за дожд“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Жителите на едно руско гратче во областа Перма биле изненадени кога забележале дека државата им наплатила данок поради дожд.

Информацијата почнала да се шири откако еден од жителите забележал дека му е наплатена дополнителна сума за месечната сметка за помош, која редовно се плаќа. На сметката пишувало дека дополнителните пари се плаќаат „за канализација“, но кога граѓаните се пожалиле кај локалната комунална компанија, им било кажано дека им било наплатено за дождовницата која од покривите, преку олуците, оди во канализацијата.

Граѓаните се побуниле за оваа наплата, тврдејќи дека дождовницата не истекува во канализацијата. Исто така, нив не им е јасно дали тој дополнителен трошок ќе мора редовно да го плаќаат преку цела година, или само во дождливите периоди.

Слична ситуација се случи во еден друг руски град во 2017 година, кога локалното комунално претпријатие наплатата на „данок за дожд“ ја образложи со апсолутното право како неопходна мерка за спас на фидмата од банкрот.