Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Контроверзен брак склучен помеѓу родителите на едно 11-годишно девојче со 30 години повозрасен маж предизвика бура од реакции во Малезија и светот.
Родителите на 11-годишното девојче, по потекло од Тајланд, дале согласност нивната ќерка да му биде трета сопруга на мажот од Малезија само ако тој се согласи таа да остане дома се додека не наполни 16 години, наведува ББЦ.
Владата на Малезија соопшти дека нема официјален документ за овој брак склулен во Тајналд и дека го истражува случајот.
Со став се огласи и УНИЦЕФ истакнувајќи дека овој брак е „шокантен и неприфатлив“.
Инаку ББЦ пренесува дека се појавиле фотографии од венчавката на кои се гледа како младоженецот ја држи раката на девојченцето по венчавката, а локалните медиуми пак известуваат дека младоженецот веќе има две жени и шест деца на возраст од 5 до 18 години.
Активисти за човекови права од Малезија наведуваат дека младоженецот е успешен трговец , а родителите на девојченцето живеат во беда.