Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германскиот студент, Филип Френцел, конструирал еден вид на воздушно перниче за мобилни телефони кое има за цел да го заштити уредот при пад.
Френцел можеби го има најсоодветното решение за луѓето кои постојано ги испуштаат своите телефони, пишува „Дејли мејл“.
Станува збор за механизам со вградени специјални сензори и осум рабници кои изгледаат како куки.
Сензорите автоматски може да детектираат кога телефонот е во пад, по што се активираат пружините што ќе го заштитат уредот од удар или оштетување.