Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хелсиншкиот комитет ќе бара одговори за потребата да се демонстрира сила со огнено оружје во дискотеки полни со луѓе, напишаа од Комитетот на нивната страница на „Фејсбук“.
„Ќе се постави и прашањето на командна одговорност! Кој ја дал наредбата и зошто? Полицијата постои да ги заштитува граѓаните и да постапува во рамки на дозволена и неопходна примена на сила и мерки за присилба, секогаш заради обезбедување на сигурност и безбедност!“, напиша извршната директорка на Комитетот, Уранија Пировска.
Хелсиншкиот комитет ги повика сопствениците на дискотеките и граѓаите кои беа присутни и кои ги засведочија настаните да се обратат до Комитетот со изјава. Комитетот утре ќе се обрати и до Секотрот за внатршна контрола при МВР.