Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ако ги имате овие симптоми, можно е да страдате од недостаток на селен и затоа треба да внесувате повеќе храна богата со минерали.
Селенот е неопходен за правилно функционирање на организмот и заштита од болести, а еве како да откриете дали на вашето тело му недостасува овој важен минерал.
Селенот влијае на имунитетот, ендокрините и кардиоваскуларниот систем, плодноста и заштитата од инфекции.
Истражувањата покажуваат дека недостатокот на селен може да предизвика појава на различни типови карцином и да ги наруши когнитивните функциии, но на ова поле потребно е да се направат уште некои научни анализи.
Симптомите кои укажуваат на недостаток на селен се: неплодност кај мажите и жените, чувство на слабост во мускулите, константен замор, често заборавање, губење на кожата и слаб имунитет.
Од недостаток на селен страдаат личности кои ретко јадат храна богата со селен или воопшто не ја јадат, но и пациенти кои одат на дијализа , имаат ХИВ или оние кои имаат заболување на дигестивниот тракт.
Ако чувствувате некои од наведените симптоми, обратете се што е можно побрзо на лекар.
Доколку нивото на селен е многу ниско, можно е да ви препорачаат таблетки селен, а храната која најмногу го поседува се бразилскиот орев, грашокот, лебот од црно зрно, јајцата, пченицата, сирењето и туната.