Официјален Кремљ за приближувањето на Македонија кон НАТО


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Портпаролот на официјален Кремљ денес излезе со став во однос на македонските НАТО аспирации.

Приклучувањето на Македонија во НАТО е суверено право на земјата. Москва негува добри односи со Скопје, но се противи на приближувањето на Алијансата до границите на Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тоа е суверена одлука на самата Македонија. Ние ги цениме и одржуваме добри односи со Македонија.. Се разбира, заинтересирани сме за развој на билатералната соработка. Но, што се однесува на приближавањато на НАТО и неговата инфраструктуре кон нашите граници, познат е ставот на Москва за тој процес – и во тој поглед ништо не е променето“, одговори Песков на новнарско прашање за ставот Кремља за приклучувањето на Македонија во НАТО.