Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер постигнал договор со Сасуоло за трансфер на италијанскиот репрезентативец, Матео Политано.
24-годишниот крилен напаѓач одигра фантастична сезона во Сасуоло и го привлече вниманието на сите големи италијански клубови, но Интер беше најбрз и ја победи конкуренцијата.
Двата клуба денес постигнале договор, па Политано ќе пристигне во Интер на едногодишна позајмица со право на откуп. „Нероаѕурите“ за позајмицата ќе платат 5 милиони евра, а следното лето ќе можат да го откупат за додатни 20 милиони евра.
Политано беше желба на тренерот Спалети и ќе биде алтернатива за Перишиќ и Кандрева на крилните позиции.
Ова ќе биде трето засилување за „нероаѕурите“ после Де Вриј, Асамоа и Раџа Нанголан.