Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фолегадрос (на грчки ‘Φολέγανδρος’) е мало островче кое својот лик го плакни во водите на јужниот Егеј.
Заедно со Сикинос, Иос, Анафи и Санторини, го сочинуваат јужниот дел на островскиот ланец Киклади. Фолеандрос има површина од околу 32 километри квадратни, и е населен од 667 жители. Има три мали села, Хора, Каравостаси, и Ано Мерја, кои се поврзани со поплочен пат.
Малку е познато за древната историја на Фолегандрос. Неговите жители биле Дорци. Подоцна подпаднал под атинска власт. Бил освоен во 1207 од страна на Венецијанецот Марко Санудо и останал под венециска власт до 1566, кога бил освоен од страна на Отоманските Турци. Грците го присвоиле во 19 век.
Фолегандрос има разновиден релјеф кој вклучува високи гребени и една голема пештера. „Главниот град“ на островот – Хора, изграден е на работ на еден 200-метарски гребен. Пристаништето на Фолегандрос се наоѓа во малото градче Каравостаси.
Во селото Ано Мерја пак, се наоѓаат два мали но интересни музеи – еколошки музеј и фолклорен музеј. Една од најпознатите плажи на Фолегандрос е плажата Катерго, пристаплива само со брод од пристаништето Каравостаси.
Фолегандрос е еден од многуте изолирани грчки острови кој нуди недопрена природа. Со неговите бистри и сини океански води бил прогласен за една од најдобрите 10 плажи на светот од страна на the Travel Channel.