Канје Вест во паника дека Ким ќе го напушти: „Постојано размислувам за самоубиство“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Канје Вест ги контактирал членовите на кланот Кардашијан/Џенер после своите изјави дека 400-годишното ропство било избор, а не принуда, за да ги праша дали поради таквите коментари Ким Кардашијан ќе го остави. Признава дека бил убеден оти Ким ќе бара развод, како и дека цело време размислувал за самоубиство.

„Една недела откако за ропството го изјавив она што веќе сите знаете дека го кажав, почувствував дека енергијата околу мене е на ниско ниво, па ги побарав повеќето членови од нивното семејство да ги прашам дали Ким планира да ме остави“, признава раперот во интервју за New York Times.

Канје, кој во 2016 година доживеа нервен слом, открива дека често има суицидални мисли.

„Цело време размислувам за самоубиство. Тоа секогаш е опција“, открива музичарот, додавјаќи дека смета оти токму таквите размисли за тоа го спасуваат да не го изврши истото.