Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ако може да им се верува на стереотипите кои се пласираат по медиумите, многу сопруги на фудбалери немаат свое професионално занимање, а нивните сопрузи и момчиња се трудат да им ги исполнат сите нивни желби. Најголем број на таканаречените WAG убавици се бивши манекенки кои престанале да работат откако се омажиле за славните фубалери.
Со оглед на фактот дека нивните мажи заработуваат дебели суми на пари, тие не се грижат колку и на што трошат, а злобните јазици ќе речат дека нивна единствена работа е да бидат убави, трпеливи и добри мајки полни со поддршка.
Сепак, некои од најславните фудбалски имиња на светот за животни сопатнички имаат одбрано успешни и самостојни жени на кои не мора да им ги даваат своите платежни картички.
Најпозната од нив, секако, е Викторија Бекам, која на почетокот од врската со Дејвид Бекам беше многу побогата од него. Иако Бекам потоа заработи милиони, Викторија секогаш заработуваше еднакво многу. Прво беше дел од мегапопуларната женска група Spice Girls, а потоа направи своја брендирана модна империја тешка милиони долари.
И славната пејачка Шакира, исто така, нема потреба од парите на нејзиниот сопруг Жерар Пике. Тие се во хармонична врска веќе осум години, но Пике никогаш не ја достигна славата од неговата поубава половина, како ни „тежината“ на нејзината банкарска сметка.
Хелена Сегер, животната сопатничка на Златан Ибрахимовиќ, со години успешно се снаоѓа во високиот бизнис. Таа од Златан е постара 11 години, а некои сметаат дека Ибрахимовиќ надвор од терените заработи тешки милиони благодарение токму на знаењето од неговата сопруга која најдобро знае како и каде да ги вложи парите.
И аргентинскиот фудбалер Матео Мусакио има успешна сопруга која е независна од неговата слава и пари. Ирене е лекарка по занимање, која повремено се занимава со манекенство.