Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Секоја парна година малите дечиња, момчињата и мажите, но и многу припаднички на поубавиот пол, со нетрпение ги очекуваат култните албуми од Panini, кои ги пополнуваат со сликички од фудбалерите кои ги претставуваат нивните национални репрезентации на Европското или Светското првенство. Се купуваат сликички, се менуваат дупликати, а најзаразените фанови веќе го имаат пополнето албумот уште пред почетокот на првенството.
Но, има многу дечиња ширум светот чии родители, за жал, не можат финансиски да си дозволат на нивните деца да им го купат албумот и заедно да ги собираат сликичките. Едно од нив е и осумгодишното момче од Бразил кое оваа година немало среќа да го добие новиот албум од Panini за Светското првенство во Русија.
Но, благодарение на неговата упорност, волја, креативност и талент, тој решил да не остане без албумот, па решил сам да си го наслика истиот. Со денови, трпеливо, го создавал албумот на Panini, а потоа се фрлил на цртање на сликичките од славните фудбалери, бидејќи неговата мајка не можела да си дозволи да му го купи албумот и да му ги купува сликичите.
„Кога го заврши, рече дека ќе го однесе во неговото училиште. Се плашев дека ќе го исмеваат“, вели мајката. Но, неговите другарчиња и соученици од класот биле воодушевени од неговото дело.
„Би сакал да сум креативен како него и толку добро да цртам“, изјави едно од другарчињата на детето кое денес е фудбалски јунак на многу луѓе.