Нова модна „пресметка“: Розовиот стилски дуел на Меланија и Ранија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Меланија и Доналд Трамп, во улога на Прва дама и претседател на САД, во Белата куќа беа домаќини на Абдулаха II и Ранија, кралот и кралицата на Јордан.

Меланија за таа официјална пригода одбра светло розов кожен фустан на преклоп од модната куќа Проенза Шулер и салонки од крокодилска кожа во истата нијанса.

Кралицата на Јордан за официјалното гостување во Белата куќа одбра парчиња облека во нежна нијанса. Убавата Ранија се појави во бела блуза и нежно розови широки панталони чија боја ја усогласи со салонките и чантата.

Двете дами се појавија во модни комбинации во нежни бои и изгледале како да се договориле што да носат. Сепак, медиумите сметаат дека овој пат Меланија не успеа да ја засени кралицата Ранија, такашто кралицата излезе победник во оваа модна битка.