Притворот полош од затворот: Катастрофални услови во казнено-поправните установи


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Според Годишниот извештај на Народниот правобранител, македонските затвори немаат елементарни услови за престој.

Затворениците често пати се навредуваат по етничка основа, а при контролите често пати се соочуваат со дрскост од полициските службеници. Во многу простории во затворот нема дневна светлина, ниту струја, во нив има голема влага, а нема ниту греење. Затворот во Куманово се соочува со недостиг на вода, а тоалетите немаат врати. Затворениците се принудени наместо врати, да бесат ќебиња или да се снаоѓаат како знаат и умеат. Во една ќелија има ставаат по три лица, а тоа често пати доведува до тепачки и караници. Ова е само дел од она што констатирал народниот правобранител.

Речиси иста состојба има и во полициските станици. Народниот правобранител бара од надлежните органи да преземаат итни мерки за подобрување на условите.

Во годишниот извештај на Народниот правобранител се констатира и лош однос кон бегалците кои илегално влегле во Македонија. Овие заклучоци произлегуваат од вкупно 48 посети што минатата година биле направени во три затвори во земјава, во Скопје, Струмица и Куманово, потоа на 13 полициски станици и на 30 Центри за прифаќање на бегалци.