Француските месари бараат полициска поддршка од „насилните“ ВЕГАНИ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Француските месари побараа од Министерството за внатрешни работи, Жерар Коломбо, полициска заштита поради нападот и „насилството“ од група вегани кои се противаат на конзумирањето на место и извозот на стоки за храна.

„Сметаме на вашите услуги и поддршката на цела влада што е можно побрзо да престане физичкото, вербално и морално насилство кое го трпат месарите“, се наведува во писмото кое носи датум од 22. јуни, а кое е потпишано од претседателот на Француската конфедерација на месари, продавач на сувомеснати производи и деликатеси, Жан Франсоа Гијар.

Речиси 18.000 месари во Франција се загрижени поради последиците од претераното медиумско промовирање на веганскиот начин на живот, истакна Гијар, изразувајќи „шокираност“ што дел од популацијата „сака да наметне на гротото луѓе свој начин на живот, може да се каже своја идеологија“.

Тој изрази жалење поради неодамнешното „застрашување“ на месарите, „насилството кое се спроведува“, и без криење на лицата или ставање на маска, се наведува во писмото.