Три начини да се изборите со ПАНИЧНИТЕ НАПАДИ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


За нормален и продуктивен живот, поединецот мора да биде здрав – ментално и физички. Анксиозноста претставува голема препрека кон тоа, а обично настанува од страв или надеж да сакаме нешто недостижно, актуелни животни проблеми, што не мачаат и притискаат од внатре.

Кога имате чувство на паника и вознемиреност го обзима вашето тело, пробајте со помош на овие едноставни техники да ја убиете анксиозноста.

Правете склекови

Склековите се најдобар начин да ги тргнете мислите од менталната анксиозност и да обезбедите доволна количина крв да проструи низ вашето тело, за да ви биде полесно. Склековите не прават посилни, не само физички, туку овозможуваат да размислуваме трезвено поради забрзаната циркулација на крвта низ нашиот мозок. Кога ќе почнете да ги правите, помалку ќе размислувате за своите проблеми, со што ќе ја редуцирате анксиозноста.

Длабоко вдишете

Кога чувствувате дека се соочувате со паника и мислите дека нема да успеете да се изборите со неа, длабоко вдишете неколку пати. Смислете некој рационален план и смислете акција која ќе направи да не размислувате негативно и да допуштите паниката да ве совлада. Вдишете, седнете мирно неколку минути, слушнете го секој шум околу вас, бидејќи на тој начин ќе се одвратите од проблемите. Дишете длабоко додека не се чувствувате помирно.

Возете велосипед

Можеби звучи глупаво, но навистина помага. Не само што возењето на велосипед е своевидна вежба, туку ве фрла во темпо на ритмичко вежбање. Додека се возите низ парковите, вие се врзувате за природата, што ви помага да најдете мир.