Се обиде да ја бакне новинарката на Светско првенство – светот откачи по нејзината реакција


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бразилската спортска новинарка доби лавина од пофалби за реакцијата кон типот кој се обиде да ја бакне додека правеше прилог во живо од Светското фудбалско првенство во Русија.

Џулија Гимараеш известуваше од Екатеринбург во неделата, кога еден од навивачите кои минуваа во близина се наведна за да ја бакне пред камера. Но, итрата и брза новинарка му се тргна и му се развика, така, во живо, по што тој дури се извини за својот обид.

„Немој да го правиш тоа! Немој никогаш повторно да го направиш тоа!“, му се развика новинарката од TV Globo и Sport TV на бесрамниот навивач. „Немој никогаш да го правиш тоа на некоја жена, ок?“, му „одбруси“ одлучно, а нејзината реакција стана вирален хит на социалните мрежи.

„Тешко е да се пронајдат зборови. За среќа, тоа никогаш не ми се случило во Бразил. Овде ми е случи веќе два пати. Тажно. Срамно“, изјави новинарката. „Ужасно е. Се чувствувам беспомошно и ранливо“, додаде таа за Globo Esporte.

Гимараеш откри дека била малтретирана и за време на првиот натпревар од Светското првенство меѓу Русија и Египет, во Москва.