Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Таканаречените „инфлуенсери“ (прилично глупав термин, ама што е – тука е) од Инстаграм сиот свој труд, време и енергија ги вложуваат во билдање на нивниот рејтинг на социјалната мрежа со цел да можат да си дозволат да живеат релаксирен и удобен живот од заработка од реклами.
Често таа нивна трансакција помеѓу нив и компанииите кои сакаат да рекламираат нешто е доста едноставна – овие „инфлуенсериве“ производите или услугите кои треба да ги рекламираат ги добиваат бесплатно за да ги рекламираат на нивните Инстаграм профили.
Во зависност од бројот на пријатели и следбеници кои ги имаат, секако, некои од „инстаграмџиите“ овие рекламирања дебело ги наплаќаат, додека другите, поневлијателните, со помал статус на Инстаграм „ѕвезди“, се задоволуваат со она што ќе го добијат како понуда.
Меѓутоа, дека не секогаш компаниите се први кои иницираат контакт со понуда за „инстаграмџиите“ докажува и примерот кој го објави во медиумтие еден луксузен ресорт од Малдиви. Кејт Џонс, задолжена за маркетинг во ресортот Dusit Thani, за The Atlantic призна дека добиваат најмалку шест понуди дневно од разни самонаречени „инфлуенсери“ кои практично бараат бесплатен престој и одмор во ресортот во замена за фотографии и промоција на истиот на нивните профили.
Тие понуди главно ги праќаат луѓе со доста мал број на пријатели и следбеници на Инстаграм, кои прават обиди и напори да станат поголеми „играчи“ на оваа социјална мрежа.
„Секој кој има Фејсбук овие денови, се смета за ’инфлуенсер‘. Луѓето велат: Сакам да одам на Малдиви десет дена и ќе објавам две објави на Инстаграм за своите, веројатно, 2.000 пријатели. Луѓе со по 600 пријатели на Фејсбук ни се јавуваат и ни велат дека се инфлуенсери и сакаат бесплатно да престојуваат една недела во нашиот хотел“, открива Џонс и додава дека понудите најчесто ги добиваат преку директни пораки на Инстаграм.
Има и такви кои пишуваат на меил и само нудат соработка. „Тие во просек очекуваат од пет до седум ноќи all inclusive сместување. Малдивите не се евтина дестинација“, нагласува Џонс, додавајќи дека од сите тие понуди кои ги добиваат, отприлика само околу 10 насто се вредни за внимание.