Пиштолот од Star Wars на аукција продаден за 550.000 долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пиштолот или „бластерот“ кој Харисон Форд во улогата на Хан Соло го користеше во филмот „Return of the Jedi“, едно од продолженијата на франшизата Star Wars, на аукција во Њујорк беше продаден за 550.000 долари.

Лажниот ласерски пиштол, речиси целосно изработен од дрво, изминативе 30 години беше сопственост на филмскиот режисер Џејмс Шоп, кој овој артефакт го доби како подарок од Форд.

Пиштолот кон крајот на мај оваа година беше изложен во просториите на аукциската куќа Julien. Од оваа куќа претходно предвидуваа дека оружјето на Хан Соло може да биде продадено за половина милион долари, што на крајот испадна добра проценка.