Научно истражување: Поврзаноста меѓу морската храна и сексуалниот живот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Паровите кои консумираат многу морска храна имаат повеќе сексуални односи и побрзо осигураат потомство во однос на оние кои ги избегнуваат школките и останатите морски плодови и храна, покажува американското истражување кое беше направено за поврзаноста меѓу морската храна и сексуалниот живот.

Научниците, во период од една година, следеа 500 пара во Мичиген и Тексас, барајќи од нив да ја забележуваат потрошувачката на морска храна во семејството и зачестеноста на сексуалните односи. Истражувањето покажа дека зачестеноста за секс била за 39 насто поголема во деновите кога паровите конзумирале морски плодови.

До крајот на годината 92 насто од паровите кои барем два пати неделно на менито имале морска храна, зачнале дете, во споредба со 79 насто од оние кои помалку јаделе риба и школки.

Поврзаноста меѓу морската храна и плодноста останала во игра и кога била земена во предвид зачестеноста на сексуалниот однос.

„Сметаме дека воочената врска помеѓу морската храна и плодноста, независно од сексуалната активност, може да биде последица на подобрениот квалитет на семената течност, менструалниот циклус и квалитетот на ембрионите. Претходните истражувања ги забележале тие позитивни ефекти со зголемување на морската храна и масните киселини“, вели водителката на студијата, Одри Гаскинс, нутриционистка од харвардската школа за јавно здравје во Бостон..

Лекарите ги советуваат пациентите барем два пати неделно да јадат риба богата со омега 3 масни киселини, како лосос, скуша, харинга или туна, бидејќи внесувањето на тие киселини е поврзано со намалувањето на ризикот од срцев и мозочен удар.

Но, на жените кои сакаат да зачнат во скоро време, им сугерираат да не јадат риба повеќе од три пати неделно, со цел да се избегне живата која може да предизвика вродени пореметувања кај детето, а ја има доста во месото од ајкулите, сабјарките, скушите и туната.

Научниците утврдија дека мажите кои јаделе повеќе морска храна во годината пред истражувањето, имале позачестени сексуални односи во однос на мажите кои јаделе помалку морски плодови. Кај жените таа поврзаност меѓу морската храна и сексуалниот однос била уште појасна, покажува истражувањето.

Според научниците, на шансите за зачнување не влијаел фактот колку морска храна паровите консумирале во годината пред истражувањето, се наведува во трудот објавен во списанието Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism.

На тоа колку луѓето често консумирале морска храна не влијаеле фактори како нивното образование, приходите, вежбањето или телесната тежина.

Недостаток на ова истражување и студија е тоа што не е попрецизно анализирано кој вид на риба јаделе испитаниците, што би укажало на ризикот на нивната изложеност на жива, предупредуваат останатите експерти.

„Не се сите риби исти“, вели Трејси Вудраф од Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско. „Многу сардини не се штетни бидејќи се мали и немаат многу загаденост во нив“, вели Вудраф. „Туната, пак, е покомплицирана бидејќи може да содржи повеќе жива“.