Како најбрзо да закрепнете од разделбата со партнерот?!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Прекинувањето на врската не е едноставно, но не дозволувајте да ве скрши. Дајте си себеси време за тага и обидете се да останете силни со помош на неколку совети

Крајот на врската не е едноставен без оглед на тоа дали сте оставена страна, онаа која прекинува или сте обацата солгасни дека така веќе не оди. Многу е едноставно да бидете вовлечени во мрежата на самосожалување, сомнеж и тага. Но, не смеете да дозволите прекинувањето на врската да ве скрши и вас. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат при закрепнувањето.

Одредете си потребно време

Можете тагата да ја победите со вишок исхрана или пијалок во текот на преодниот рок, но оваа метода само ќе ве донесе до мамурлук или неколку килограми повеќе. Жалењето со време ќе попушти и имате апсолутно право да бидете тажни, лути и во шок по прекинувањето. Секој со разделбата се носи на свој начин некои луѓе плачат, додека други бесот го рефлектираат преку удар во болксерка вреќа. Затоа одредете си време кое ви е потрено за да се вратите на старото, исплачете се, тагувајте, бидете лути, разговарајте со блиски луѓе и тогаш оставете се зад себе.

Немојте да се откажете од својата моќ

Сите имаме корени од минатото. Пред да допуштите туѓите злобни коментари или промени во чувствата да ве наведат да се посомневате во себеси, внимателно проверете од кој извор доаѓааат тие информации. Многу веројатно е и вашиот партнер да има свои проблеми кои се таложеле и еднаш кога тоа ќе го сфатите, ќе престанете да се обвинувате себеси. Важно е дека сте научиле нешто од претходната врска, како и тоа дека во иднина можете да ги искористите тие знаења, како во врските такао и во приватниот живот.

Не можете сами да ја сочувате врската

Кога еднаш некој ќе одлучи да тргне понатаму, вие таа личност не можете да ја убедите дека и натаму треба да останете заедно. Долгите мејлови или телефонски позиви може да ви донесат олеснување, но нема да го врати бившиот партнер во вашата прегратка. Немојте да се обидувате со сила повторно да ја освоите таа личност. Ако таа личност и сака да ви се врати, вашето претерано инсистирање може да биде контрапродуктивно. Бидете прибрани и урамнотежени, а ако вашиот бивши сака да ја обнови врската со вас, до тоа ќе дојде постапно и без претерани потези.

Немојте да се залажувате

Го можете тоа верувале или не, но понекогаш работите и за личноста која прекинува се поддеднакво тешки. Можеби ќе каже дека сте збунети, несигурни или во „чуден“ период во животот, но само се трудат да не ве повредат. Затоа немојте погрешно да ги толкувате неговите намери и зборови, дури и кога мислите дека настојува да ве повреди. Ако се обидете да ја спасите врската со тоа што молчеливо ќе прифатите разделба, само ќе го одложите неодложносото и ќе дојдете до уште полоша положба.