Официјално: Ердоган победник на двојните избори во Турција


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Реџеп Таип Ердоган се стекна со нов петгодишен мандат за владеење во Турција откако обезбеди целосна победа во првиот круг од претседателските избори.

Шефот на изборното тело, Сади Гувен, изјави дека претседателот „добил апсолутно мнозинство од сите валидни гласови“.

Државните медиуми објавија дека Ердоган добил 53 отсто со 99 отсто изброени ливчиња, а неговиот најблизок ривал Мухарем Инџе 31 отсто.

Опозицијата треба допрва официјално да го признае поразот, но рече дека ќе продолжи со својата демократска борба „без оглед на резултатот“.

Опозиционерите претходно изразија сомнеж во резултатите што ги објавија државните медиуми. Конечните резултати ќе бидат објавени в петок.

Со овие резултати, Ердоган ќе добие моќни овластувања под новото извршно претседателство.

Тој имаше силна економија и изгради цврста база на поддршка преку инвестирање во здравството, образованието и инфраструктурата.

Но 64-годишникот ги подели мислењата, се пресметува со противниците и стави 160.000 луѓе во затвор.