Почина македонската пијанистка Елена Мисиркова Лоза, правнука на Крсте Петков Мисирков


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вчера почина реномираната македонска и светска пијанистка проф. м-р Елена Мисиркова, која беше внука на познатиот македонски преродбеник и деец Крсте Петков Мисирков.

Средното музичко образование по пијано го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Дипломира и завршува постдипломски студии по пијано на Државната музичка академија „Гнесини“ во Москва, Русија. Од 1989 до 1994 година специјализира на Виенскиот конзерваториум во Виена кај професорот Леонид Брумберг (види табела НИ, точки 11 и 22).

За време на студиите е носител на стипендија за талентирани млади уметници на Р. Македонија/Федерална влада на Југославија, стипендија за постдипломци на Р. Македонија, стипендија на Министерството за образование на СССР и стипендија на СССР за постдипломски студии по препорака на Дипломската комисија.

Од 1987 до 1989 година, Мисиркова е професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Од 1997 до 2002 година, работи како асистент по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Од 1992 до 1994 година, таа е професор по пијано во Виенска приватна школа.

Носител е на награда за исклучителни уметници на Фондацијата „Хуго Брајтнер“, две први награди на републичките натпревари на пијанисти во Скопје и трета награда на Сојузниот натпревар во Белград, Југославија (види табела НИ, точка 21).

Мисиркова беше еден од организаторите на Денови на македонската култура во Австрија во 2001, 2010 и 2014 година, како и на изложбата на австрискиот југендстил-мозаичар и автор Леополд Форстнер во Охрид и во Скопје (види табела НИ, точка 19). Таа е музички советник при МОБ од 1999 до 2001 година. Во 1989 година е пијано асистент на виолинската мајсторска школа на проф. Е. Чугаева, а во 2000 година е асистент на семинарот за чембало на проф. М. Хамбицер во Келн, Германија.

Од 2002 година таа имаше статус на слободен уметник во Р. Македонија и во Австрија. Во 2007 година ѝ е доделена почесна титула амбасадор на култура на РМ во Австрија од премиерот Н. Груевски (види табела САОР, точка 19).

Мисиркова учествувала со три стручни пленарни предавања на Струшка музичка есен и тоа во 1997 година со „Принципите на руската пијанистичка школа и нејзините влијанија на новите развојни тенденции на македонската пијанистичка школа“, во 1998 година со „Осврт на клавирската литература од првата половина на 20 век“ и во 1999 година со „Интерпретација на делата за пијано на Властимир Николовски“ (види табела САОР, точка 7). Нејзиниот труд „Пијанистичката техника во делата на Властимир Николовски“ е објавен во списанието Музика во 1999 година (види табела САОР, точка 5).

М-р Елена Мисиркова одржала голем број концерти во земјава и во странство, од кои со одлични критики се издвојуваат следниве:

– март 2016 година, Скопје: Целовечерен концерт на Франкофонија со дела од Сати, Пирхнер и Николовски;
– октомври 2014 година, Скопје: Настап на свечен концерт по повод јубилеј на Здружение МАКЕДОН во МНТ;
– јули 2014 година, Охрид: Матине концерт на фестивалот Охридско лето;
– април 2014 година, Скопје: Концерт со Македонската филхармонија како солист со концертот за пијано на Г. Коларовски;
– јуни 2013 година, Скопје: Клавирски салон концерт во МОБ;
– мај 2011 година, Виена, Австрија: Целовечерен концерт со гудачкиот оркестар на Словенечката филхармонија;
– 2011 година, Минхен, Германија: Концертен настап на доделување на награди на „Е-кар-тек“, Баварска влада;
– октомври 2010 година, Минхен, Германија: Клавирски концерт „Галилео“ Кралска резиденција;
– октомври 2010 година, Виена, Австрија: Целовечерен концерт во Соборна методистичка црква;
– септември 2010 година, Скопје: Целовечерен рецитал во Дом на АРМ – покровител ЕВН;
– јули 2010 година, Скопје: Камерен концерт за пијано и гудачи „Кончертино“ на Г. Коларовски, Камерен оркестар на МОБ, Скопско лето;
– мај 2010 година, Виена: Камерен концерт за пијано и гудачи „Кончертино“ на Г. Коларовски, Камерен оркестар на МОБ, Фестивал „Класична бина“;
– 2010 година, Брисел, Белгија: Солистички рецитал на манифестација „Галилео“, Шарлемањ центар;
– 2010 година, Виена, Австрија: Солистички рецитал во Галерија „Тајм“;
– 2009 година, Скопје: Солист со Македонската филхармонија во изведба на концертот за пијано и оркестар од В. Николовски, Дом на АРМ;
– 2009 година, Виена, Австрија: Прв клавирски концерт „Галилео“, Свечена сала на Австриската академија на науките;
– 2009 година, Виена, Австрија: Инаугурациски концерт на Мисиркова, Свечена сала на Австриската академија на науките;
– 2008 година, Виена, Австрија: Новогодишен концерт во Сала на фреските, замок „Лаудон“;
– 2008 година, Виена, Австрија: Праизведба на „Филопатридус“ за пијано соло од Иван Флорајнц, Словенски култирен центар во Виена:
– 2007 година, Виена, Австрија: Божиќен концерт во Словенскиот културен центар во Австрија
– 2005 година, Скопје: Гала концерт како солист во концерт за соло пијано и оркестар бр. 5, МОБ

Фото: Александар Кондев