Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!?
↓↓↓
Австралиската блогерка позната под името „Banana Girl“ реши да го напушти градскиот живот и да се пресели во џунгла во Јужна Америка. Сега јаде природна храна, не се шминка ниту депилира и вели дека за шест месеци заштедила повеќе од 4 илјади долари.
Пред дванаесет месеци, блогерката Фрили „Банана девојка“ заедно со својот партнер побегна од цивилизација и почна нов живот во јужноамериканска џунгла. Позната како заговорник на веганската исхрана, контроверзната блогерка денес споделува совети од областа на исхраната на социјалните мрежи, но и фотографии без шминка и гардероба, се со цел да објасни зошто ужива во ваквиот начин на живот.
Таа сега одгледува свое овошје во џунглата, и вели дека заштедила над 4 илјади долари, откажувајќи се од бричеви, шампони и козметика.
„Дали ќе бидам гола на секоја фотографија? Да, гола сум во шумата. Ослободена од гардероба, брендови, чевли, шминка, бричења. Сега се чувствувам добро”, пишува Banana Girl.
Како што вели таа, причината зошто го променила својот животен стил е длабокиот психички стрес кој го слабеел нејзиниот организам.
„Бев преморена работејќи секој ден од девет наутро до пет попладне. Звукот на алармот, спремање за на работа, шминкање на лицето за да се вклопам во масата, носење високи потпетици и лажна насмевка за другите… Ме измори ваквиот начин на живот, работејќи за друг кој се богати. Можеби најлошо, ми беше здодевно… Тоа утро решив да се ослободам од ропството”, објасни блогерката.
37-годишната Австралијка која сега живее во џунгла тврди дека со започнувањето на новата етапа во животот конечно почувствувала радост, со ново опкружување и со нови предизвици. Освен што речиси секојдневно е гола, таа се храни со органско овошје и зеленчук директно од земјата, се капе на монсунските дождови и пие вода од потоци.