Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Алваро Мората минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување, но после само една година може да го напушти „Стенфорд Бриџ“.
Шпанецот не се вклопи во Премиер лигата, па и самиот сака да ја промени средината, а интерес за него покажува Борусија Дортмунд.
Еминентниот весник „Билд“ пренесува дека „милионерите“ покажуваат сериозен интерес за Мората, но тоа ќе биде тешка мисија бидејќи Челзи за неговата слобода бара 65 милиони евра, а напаѓачот има огромна плата.
Меѓутоа, англиските медиуми пренесуваат дека Челзи може да го искористи интересот на Борусија за Мората за да стигне до потписот на Крустиан Пулишиќ.
Имено, „сините“ се спремни да му предложат на гермнаскиот тим трампа, така што Мората да се пресели на „Вествален“, а за возврат Челзи да го добие потписот на Пулишиќ.
Chelsea could try to use Borussia Dortmund's interest in Alvaro Morata in their pursuit of exciting winger Christian Pulisic. (Source: Mail on Sunday) pic.twitter.com/l75omsjM9Y
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 24, 2018