Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Спротивно на законот кој обврзува пред сите табли на државни институции името да биде впишано задолжително на македонски јазик, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари посети училиште во Форино, гостиварско, каде на училиштето има голема табла само на албански јазик.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, вчера беше во посета на училиштето во село Форино каде започнаа активностите за изградба на нова градинка. Она што е спорно е дека на таблата името на училиштето е напишано само на албански јазик.
Ова претставува прекршување на законот кој предвидува на сите табли на државни институции името да биде впишано задолжително на македонски јазик.
Од Државниот просветен инспекторат и од Инспекторатот за локална самоуправа се уште нема реакција за ова прекршување.