Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кефирот е добро познат како благотворен за човечкиот организам. Во комбинација со хелјдата добиваме комбинација која може да го ослободи организмот од лошите бактерии и да го направи посилен. Еве како да ја направите оваа чудотворна смеса
Чистењето на организмот треба да се прави еднаш во шест месеци, односно двапати годишно, бидејќи насобраните токсини можат да доведат до различни болести. Честите настинки, инфекциите, заморот, поспаноста, деконцентрацијата – сетоа тоа е доказ за присутност на токсини во организмот, малигни бактерии и други, не помалку штетни работи.
Одлично е за паметењето и концентрацијата. Го намалува крвниот притисок, лечи артериосклероза и опстипација. Во комбинација со кефирот, се намалува нивото на шеќер во крвта, ги чисти цревата и крвните садови, го нормализира метаболизмот и работата на дигестивниот систем, го зголемува нивото на хемоглобинот во крвта. Ова е навистина чудесно народно средство.
Лековита смеса на кефир и брашно од хелјда
Состојки:
1 лажица брашно од хелјда
180 мл. кефир
мед по желба
Подготовка:
Лажицата со брашното од хелјда прелијте ја со чаша 180 мл. кефир и добро измешајте. Направете го тоа навечер и оставете го во фрижидер. Наутро, уште еднаш измешајте и изедете го. Најдобро е оваа смеса да се земе наместо појадокот. По желба засладете со малку мед. Потоа немојте ништо да јадете три часа.