И голи гради и задници – на оваа социјална мрежа може да се објавува голотија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Инстаграм како социјална мрежа има доста строги правила за тоа што може, а што не смее да се објавува на нивната платформа, а токму тоа го искористија креаторите на новата социјална мрежа Buttrcup.com.

Buttrcup е социјална мрежа без цензура – барем така тврдат нејзините основачи. Делумно е основана и како одговор на движењето за „ослободи ги брадавиците“ односно кампањата #FreeTheNipple која во 2014 година ја иницираше Лина Еско. На Buttrcup корисниците можат да си отворат профил и да објавуваат фотографии или видеа од што ќе посакаат.

Основачите нагласуваат дека нивната мрежа не е платформа за порнографија, но голотијата е сосема дозволена.

„Денес сите прават фотографии. Buttrcup нуди платформа за самостојно објавување на содржини за фановите. А, да, ја отстранивме и надворешната цензура која ја спроведуваат другите социјални мрежи“, велат иницијаторите.

„Сексуалноста е универзална и е составен дел од нашите живот, а баш таквите фотографии не се дозволени на социјалните мрежи, каде трошиме многу од нашето слободно време“, изјави Моли Марфи, една од основачките на мрежата за списанието Paper.