Протекоа снимки од снимањето на продолжението на Wonder Woman – Гадот изгледа неодоливо


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во неделата утрото Гал Гадот на Твитер и Инстаграм објави фотографија на која позира во новиот костим за филмот Wonder Woman 1984 со кој ги воодушеви нејзините милионски обожаватели ширум светот.

A post shared by Gal Gadot (@gal_gadot) on

Иако костимот е речиси ист како оној кој го носеше во првиот дел од филмот во кој го глумеше ликот на „супержена“ во 2017 година, за новата фотка само на Инстаграм доби над 3,6 милиони „лајкови“.

На Твитер беше објавен и кадар од сетот кој прикажува колку е брза израелската актерка. Инаку, негативката во филмот ќе ја игра Кристен Виг, а филмот во кината ќе биде прикажан во 2019 година.

На YouTube беше објавена и каскадерска сцена од снимањето на продолжението, која ги воодушеви обожавателита на оваа филмска франшиза.