Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Познатата холивудска актерка Ева Лонгорија на 43 години го роди своето прво дете. Таа се породи вчера во Лос Анџелес. Бебето е момче и тежи 3 килограми, а го доби името Сантијаго Енрике Батон.
„Ние сме толку благодарни за овој прекрасен благослов“, изјави Ева и нејзиниот сопруг, медиумскиот магнат Хозе Бастон, за HOLA! USA.
За изданието, тие, исто така, ја пуштија првата слика на бебето, направена само неколку часа по раѓањето.
Хозе има три деца од неговата претходна сопруга, Наталија – 22-годишна ќерка и 14-годишни близнаци.