Вардар, Шкупи и Работнички ги добија противниците: Џерард со Ренџерс доаѓа во Македонија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонските преставници во Лига Европа, Вардар, Работнички и Шкупи денес ги добија противниците во квалификациите за најмасовното европско натпреварување.

Вардар ќе игра против ерменскиот Пјуник, Работнички ќе има тешка задача против унгарски Хонвед, а Шкупи го доби најатрактивниот можен противник, Глазгов Ренџерс.

Глазгов Ренџерс минатата сезона ја заврши на второто во шкотската лига, а познато е дека на клупата ги предводи легендарниот Стивен Џерард.

Првите натпревари се на програмата на 12-ту јули, а реваншите се играат на 19-ти јули.

Вардар и Шкупи реванш натпреварите ќе ги играат на домашен терен.