Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Репрезентацијата на Колумбија иако беше голем фаворит сепак со пораз од Јапонија го отвори Светското првенство во Русија.
Лошо започна мечот за Колумбија која уште во 3-та минута остана со играч помалку откако Карлос Санчез играше со рака пред својот гол. Судијата покажа на белата точка, а Кагава беше сигурен реализатор.
Меѓутоа, во 38-та минута од слободен удар кој го избори Фалкао, Квинтеро мајсторски биеше по земја и го совлада јапонскиот голман Кавашима.
Во второто полувреме Јапонија очекувано беше подобар противник и создаде многу шанси со играч повеќе. Голот за „Самураите“ стигна во 73-та минута, кога Осако погоди со глава после центаршутот на Хонда.