СПРОТИВНОСТИТЕ СЕ ПРИВЛЕКУВААТ: Овие карактеристики се пресудни за ДОЛГОВЕЧНА ЉУБОВ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Дали некогаш сте се запрашале зошто мажите и жените со различни карактеристики толку многу се привлекуваат?

Еве неколку причини кои ќе ви одговорат на тоа прашање:

Уживаат да бидат поинакви еден од друг

Спротивностите се привлекуваат бидејќи луѓето сакаат да бидат поинакви од својот партнер. Доколку запознаете човек кој има исти интереси, личност и однесување како вас, вашата врска по некое време може да стане досадна.

Интерес за партнерот

Вашата радозналост ќе биде скокотната ако запознаете маж со интересни карактеристики на кои до тогаш не се наишле. Сигурно ќе сакате подобро да го зпознаете. Особено ако карактеристиките со тотална спротивност од вас.

Врската добива нова перспектива

Кога спротивностите се привлекуваат тие формираат различни комбинации на вештини, ставови и перпективи. Можеби вас ве привлекува маж кој размислува да стори нешто што вам никогаш не би ви паднало на памет. Спротивностите се привлекуваат бидејќи паровите сакаат разноврсност и нова перпектива која врската ја добива, токму поради тие различни карактеристики.

Партнерот ве инспирира токму поради тоа што е поинаков од вас

Една од причините зошто спротивностите се привлекуваат е воодушевувањето кон особините на партнерот кои самите не ги поседувате. Паровите се чувствуваат усполнето во друштво на партнер кој се воодушевува.

Природно однесување

Експертите тврдат дека привлечноста на спротивностите е пример на природно однесување. Исто така наведуваат дека женте можат да привлечат момци со имунолошки систем сосема поинаков од нивниот. Тоа е веројатно причина зошто добрите девојки во суштина привлекуваат лоши момци.

Се дополнуваат еден со друг

Никој на светот не е совршен. Меѓутоа, двајца луже, како пар можат да формираат солидна основа на карактеристики кои им помагаат да ги надополнат меѓусебните недостатоци. На пример, доколку сте интровертна личност, веројатно ќе ве привлече некој кој е слободен и опуштен за да ви помогне и вие да бидете.

На паровите им е полесно да минат повеќе време заедно

Доколку интересот и страста на вашето момче е поинакво од вашите, веројатно ќе имате многу за што да разговарате, а со самото тоа и повеќе време ќе минувате заедно.