Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После разводот со кој минатата година со кој ги шокираше обожавателите, актерот Крис Прат е фатен на состанок со ќерката од Арнолд Шварценегер, Катерине.
Ѕвездата од Jurassic Park уживаше во парк со десет години помладата девојка, а двајцата не ги симнуваа насмевките од лицата. Катерине е авторка на детски книги, а медиумите и претходно пишуваа за убавата 28-годишната ќерка која Шварци ја доби од бракот со Марија Шривер, инаку припадничка на семејството Кенеди.
Десет години повозрасниот Прат осум години беше о брак со Ана Фарис, со која го имаат синот Џек. Момчето моментално е на одмор со мајката и нејзиниот нов дечко во италијанската егзотика Портофино.
„Разводот е срање, но на крајот од денот имаме прекрасен клинец кој има двајца родители кои многу го сакаат. Се обидуваме да најдеме начин успешно да пловиме низ ова, но и да останеме пријатели и да бидеме љубезни еден кон друг“, изјави Прат за разделбата со сопругата.
„Ситуацијата изгледа подраматична отколку што е, Крис и јас имаме добар однос, а Џек е среќен и сакан“, изјави после тоа Ана.