Скарај се, смири се: Бибер ја напушти бившата Селена и се врати кај „другата бивша“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Децата се наполнија со пари, но изгледа не пораснаа согласно со годините и влијанието кои ги имаат.

Откако повторно раскина со „бившата од типот скарај се/смири се“, Селена Гомез, познатиот пејач Џастин Бибер (25) повторно се врати во прегратките на својата друга поранешна девојка, но овој пат станува збор за Хејли Болдвин (21).

Пред неколку денови тие беа забележани во ноќен клуб во Мајами, но не изгледале како да се пар. Сепак, еден ден подоцна биле на базен и на сите им било јасно дека нешто се случува помеѓу двајцата.

А, откако слетале заедно во Њујорк, веќе нема дилеми дека повторно се заедно. Џастин и Хејли веќе биле во врска, а таа сега очигледно е негова утеха после раскинувањето со Селена.

„Селена уште има силни емоции за Џастин и покрај сè што се случуваше помеѓу нив. Секако дека е повредена, бидејќи ѝ се врати на Хејли, но ќе мора да се помири со тоа”, рекле пријателите на Селена.