Непознат сторител го запалил автомобилот од таткото на пратеникот Хари Локвенец


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како што пренесува Мета, засега непознато лице вчеравечер го запалило автомобилот марка „Мини купер“ со прилепски регистарски таблички, кој бил во сопственост на таткото на пратеникот Хари Локвенец.

Според билтенот на МВР, случајот во полиција вчера во 23.05 часот го пријавил пратеникот, кој вчера беше на потпишувањето на Спогодбата со Грција за решавање на спорот за името на брегот на Преспанското Езеро.